Украина тврди дека руски војници силувале 11-годишно дете пред неговата мајка

од Nikola Popovski
343 прегледи

Заменик-министерката за надворешни работи на Украина, Емина Џепарова, изјави дека Русија го прави „најлошото кршење на човековите права на европскиот континент во последните децении“.

„Ова беа 10 недели чист ужас за граѓаните на мојата земја“, изјави таа за „Sky News“.

„Тортура и насилни исчезнувања, сексуално и родово насилство – списокот на руски злосторства е бесконечен… Само свет кој стои цврсто во солидарност со украинскиот народ може да го победи ова чисто зло“, додала таа

После тоа, Џерапова покажа слика со црни линии нацртани од 11-годишно момче за кое истакна дека било силувано пред очите на нејзината мајка. Како што рече, детето сега комуницира само преку цртежи.

Слични содржини