Украина: Уништивме руски радар со моќна американска ракета, ова го отвора патот за напади

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Војската на Украина денеска соопшти дека користела американски балистички ракети ATACMS за напад на руска радарска станица за да ја намали способноста на силите на агресорот „да откриваат, следат и пресретнуваат балистички цели“.

Во соопштението објавено на каналот Телеграм, армијата не прецизираше кога и каде е извршен нападот на радарската станица „Небо-М“.

„Уништувањето на радарот „Небо-М“ ќе создаде поволен воздушен коридор за ефикасно користење на крстосувачките ракети „Storm Shadow“ и „SCALP-EG“, се вели во соопштението, во врска со идната употреба на британските и француските ракети со долг дострел.

Украинската војска соопшти дека верува оти Русија има уште 10 такви радарски системи, од кои секој се проценува дека чини повеќе од 100 милиони долари.
Соединетите Држави испратија проектили со долг дострел ATACMS во Украина оваа пролет, а советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан тогаш изјави дека Украина се обврзала да го користи оружјето само на нејзина територија.

Руските сили моментално окупираат околу 18% од територијата на Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли сојузниците да и дозволат на Украина да истрела западни ракети, вклучувајќи ги американските ATACMS и британските Storm Shadow, кон цели длабоко во Русија.

По разговорите со сојузниците минатиот месец и по посетата на Зеленски на САД, Вашингтон сигнализираше дека нема промена во својата позиција за употребата на оружје со долг дострел од Украина на руска територија.

Слични содржини