Украина: Усмртени две девојчиња кои глумеле во театарот во Мариупол

од Nikola Popovski

Украинското Министерство за надворешни работи сподели фотографии од две девојчиња кои биле убиени во Мариупол.

Од таму соопштија дека станува збор за младите актерки, Елизавет и Соња, кои глумеле во театарот во Мариупол.

Театарот бил користен како засолниште за цивили, а потоа бил уништен во нападот. Не е јасно како се убиени девојчињата, пишува хрватски „Индекс“.

Украинските власти претходно денеска соопштија дека планираат евакуација на цивили од Мариупол, кој се очекува во следните денови целосно да падне во рацете на Русија, но се чини дека обидот за евакуација не успеал. Заменик-градоначалник на Мариупол ги обвини руските сили, велејќи дека 200 жители се собрале за да бидат евакуирани, но руската војска им кажала дека може да има гранатирање.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за голем број неуспешни обиди да им помогнат на цивилите да дојдат на безбедно. Претходно оваа недела, Русија тврдеше дека го „ослободила Мариупол“, иако украинските војници се уште се во комплексот на фабриката за челик Азовстал.

Слични содржини