355
Операцијата за спасување на фабриката за челик Азовстал ќе биде завршена само кога сите „бранители на Мариупол“ ќе бидат евакуирани на териториите под украинска контрола, вели заменик-министерот за одбрана на Украина, Хана Малиар.
„Во Азовстал се уште има многу луѓе и ги продолжуваме преговорите за да ги извлечеме од таму“, изјави Малиар за Би-Би-Си.
Украина прави „се што е можно и невозможно“ за да ги спаси преостанатите борци заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.