Украина за експлозиите во руската база: Уште едно потсетување на кого му припаѓа Крим

од Nikola Popovski
248 прегледи

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук попладнево информира дека експлозиите во важната руска воена воздухопловна база на полуостровот Крим се дело на украинската армија.

„Денешните експлозии во Новофиодоровка се само уште едно потсетување на кого му припаѓа Крим. Припаѓа на Украина“, напиша Верешчук на нејзиниот официјален канал на Телеграм.

Како што пренесува „Индекс“, руските власти претходно објавија дека муницијата наменета за воздухопловните сили експлодирала во магацин лоциран на територијата на воениот аеродром Саки, во близина на градот Новјодоровка.

Магацинот не бил цел на никакво гранатирање или пукање, се додава во соопштението, но не е прецизирана причината за експлозиите.

Руските медиуми јавија дека еден цивил загинал, а шест лица се повредени.

Слични содржини