Командирот на украинската војска Валериј Залужни во средата за прв пат призна дека украинските сили извршиле ракетни напади врз руските бази на Крим во август и се закани дека ќе продолжат да го прават тоа.
Украина „успешно изврши ракетни напади врз непријателските воени бази, особено аеродромот Саки“, напиша тој во написот објавен од украинската јавна агенција Укринформ.
Во тој напад загина едно лице, а неколку други се повредени. Уништена е муниција за воени авиони.
Киев до сега официјално не ја призна одговорноста за тој напад, ниту за друг чија цел неколку дена подоцна беше складиште за муниција на северот на Крим.
„Задачата на украинските вооружени сили за 2023 година“ е да го продолжат „преместувањето на непријателството“ кон полуостровот, каде Москва има „значајни единици“, додаде тој.
Залужни повторно побара од Западот да испрати повеќе оружје со долг дострел во Украина.
Руските крстаречки ракети имаат дострел од 2.000 километри, а украинските ракети не повеќе од 100 километри, рече тој.