Украина забрани истакнување на симболите „Z“ и „V“

од Nikola Popovski
316 прегледи

Врховната Рада (Собранието) на Украина усвои нацрт-закон со кој се забранува истакнување на буквите „V“ и „Z“ во таа земја, а Руската Федерација е означена како „терористичка земја“, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на владеачката Слуга на народот.

Во соопштението се објаснува дека буквите „Z“ и „V“ „го претставуваат симболот на руската воена инвазија на Украина, пренесува РИА Новости.

„Пратениците усвоија предлог-закон со кој се обезбедува заштита на Украина во информативниот простор. Јавната употреба на руски симболи е забранета и Русија е означена како терористичка држава“, се вели во соопштението.

Буквите „Z“ и „V“ се насликани на руската воена опрема во операцијата во Украина.

Слични содржини