140
Украина ќе започне со евакуација на цивилите од неодамна ослободените области Херсон и Николаев, поради стравувањата дека штетата на инфраструктурата предизвикана од војната е преголема за луѓето да ја преживеат зимата, пишува „Гардијан“.
Жителите на двата јужни региона, кои беа редовно гранатирани од руските сили во последните месеци, добија совет да се преселат во побезбедни области во централните и западните делови на земјата, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Владата ќе обезбеди превоз, сместување и медицинска нега, додаде таа.
Евакуацијата доаѓа нешто повеќе од една недела откако Украина повторно го зазеде градот Херсон – кој останува блиску до линијата на фронтот – и областа околу него.