Украинците признаа дека се повлекле од Соледар

од Radmila Tasevska
215 прегледи

Украинските сили се повлекоа од источниот град Соледар во областа Доњецк, соопшти денес воениот портпарол Серхиј Чераватји.

„Нашите сили ја исполнија својата главна задача: да не му дозволат на непријателот систематски пробив во правец на Доњецк“, рече Чераватји, пренесе украинската телевизија.

Ројтерс напоменува дека ова е првпат украинската страна да потврди дека Русите го зазеле Соледар.

Слични содржини