Украинците се упатија кон окупираниот Соледар: Двајца загинати при падот на руски воен хеликоптер

од desk4
837 прегледи

Украинските вооружени сили извршија напад во близина на Соледар и сакаат да го опколат Бахмут, јавија синоќа воените дописници на Кремљ. Според нив, украинските сили со поддршка на неколку единици и воени групи, секоја со по 2-3 тенкови, успеале да организираат пробив.

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и треба повеќе време за да ја започне долгоочекуваната контраофанзива против Русија, бидејќи на војската сè уште и е потребна помош ветена од Западот. Велика Британија во четвртокот стана првата земја што испрати крстаречки ракети со долг дострел во Украина, дозволувајќи им на украинските сили да ги таргетираат руските војници и линиите за снабдување длабоко зад борбените линии на фронтот.

Слични содржини