Украинците за прв пат користат француски борбени авиони Мираж 2000

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Украинското воено воздухопловство синоќа за првпат во одбрана на украинското небо употреби француски борбени авиони Мираж 2000, кои пред еден месец пристигнаа во Украина.

Украинската војска соопшти дека во текот на ноќта соборила 34 руски ракети и 100 беспилотни летала, од кои повеќето биле насочени кон енергетски и гасни објекти.

Францускиот претседател Емануел Макрон во јуни минатата година вети дека украинските пилоти ќе бидат обучени за Мираж 2000, што беше важен придонес во воената помош за Украина.

„Украинските пилоти кои веќе неколку месеци тренираат во Франција, сега ќе го бранат небото над Украина“, најави тогаш францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорну.

Слични содржини