Украинка го преживеа Холокаустот во подрум во Мариупол, но не и Русите

од Nikola Popovski
324 прегледи

Ванда Семјонова Обиедкова, 91-годишна Украинка која го преживеала Холокаустот, криејќи се во подрум во Мариупол, починала 81 година подоцна додека се криела од Русите во подрум во истиот град.

Веста за нејзината смрт ја објави Меморијалот на Аушвиц на Твитер, пишувајќи дека Објиедкова починала 81 година откако ја преживеала германската окупација на Мариупол за време на Втората светска војна.

„Ванда Семјоновна Обиедкова на 10 години ги преживеа Германците криејќи се во подрум во Мариупол. 81 година подоцна, таа почина во подрум во истиот град како жртва на страшната војна, криејќи се од Русите“, напишаа од Меморијалот на Аушвиц.

Еврејската организација „Chabad.org“ на својата веб-страница напиша дека Обиедкова починала на 4 април, но дека веста за нејзината смрт вчера ја споделила нејзината ќерка „штом пристигнала на безбеднa локација“.

Според нејзината ќерка, жената починала „смрзнувајќи се во подрумот и молејќи се за вода“.

Обиедкова имаше 10 години кога Германците го окупираа Мариупол и убија илјадници Евреи во еден ден, вклучувајќи ја и нејзината мајка, пишуваат од „Chabad.org“ и додаваат:

„Таа преживеа во подрумот во тоа време, а умре во подрум во истиот град 81 година подоцна“.

Слични содржини