Украинска агенција: Мерачите на радијација околу Чернобил престанаа да работат

од Nikola Popovski
292 прегледи

Мерачите на радијација околу нуклеарната централа во Чернобил престанаа да работат, соопшти Украинската агенција за нуклеарна енергија.

Агенцијата наведува и дека во тој регион нема повеќе пожарникари кои би можеле да ги заштитат шумите, озрачени поради децениската радиоактивност, во време кога температурата на воздухот расте.

Украинската агенција наведува и дека оваа комбинација на ризици може да значи „значително влошување“ на способноста за контрола на ширењето на радијацијата во претстојниот период, не само во Украина, туку и надвор од нејзините граници.

Локацијата на нуклеарната централа во Чернобил, каде што експлозијата во 1986 година доведе до најголемата нуклеарна катастрофа во историјата на планетата, беше заземена од руските сили на 25 февруари, ден по почетокот на инвазијата на Украина.

Раководството на централата во Чернобил вчера соопшти дека се сменети 50 вработени, кои континуирано работеа откако руските сили го окупираа комплексот.

Слични содржини