Украински војник загина во судирите со сепаратистите поддржани од Москва на истокот од земјата, соопшти украинската армија.
„Еден украински војник загина од експлозија на граната“, соопшти воената команда за источна Украина.
Украинските вооружени сили и проруските сепаратисти меѓусебно се обвинуваат за сериозно прекршување на примирјето во источна Украина.
Украинската армија извести дека до 7 часот утринава имало 66 размени на артилериски оган врз градови на линијата на фронтот, калибар 82 и 110 милиметри, што е особено висока бројка. Најмалку еден украински војник загина во гранатирањето.
Украинската армија изјави дека ја контролира ситуацијата и дека „ја продолжува мисијата за сузбивање на вооружената агресија на Русија“.
Москва негира вмешаност во конфликтот и вели дека тоа се внатрешни работи на Украина, но Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во последните осум години по конфликтот редовно известува дека оружје од Русија се префрлa во сепаратистичките области.
Сепаратистите во регионите Доњецк и Луганск, кои го обвинуваат Киев дека сака да ја врати контролата врз областа, рекоа дека ситуацијата е „критична“ и повикаа на општа мобилизација.
Набљудувачите на ОБСЕ рекоа дека забележале „спектакуларно зголемување“ на прекршувањата на примирјето во областа, со вкупно 870 во петокот.