Украинска морнарица: Уништен руски траект во пристаништето Кавказ

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Украинската морнарица денеска соопшти дека уништила траект во руското пристаниште Кавказ кој се користел за испорака на гориво и оружје на Крим.

Локалните власти претходно соопштија дека траектот бил запален и оштетен во вчерашниот напад на пристаништето во јужниот дел на рускиот регион Краснодар, пренесе Ројтерс.

„Уништена е уште една несомнено воена цел… Фериботот потона и ова пристаниште (Кавказ) е неупотребливо додека траектот не биде отстранет“, изјави портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук за украинската телевизија.

Федор Бабенков, началник на областа Темрук во руската покраина Краснодар, во четвртокот изјави дека на траектот имало 30 резервоари за гориво.

17 членови на екипажот на траектот се спасени, а двајца членови на екипажот се уште се водат како исчезнати, изјави началникот на Краснодарската област Вениамин Кондратиев.

Слични содржини