Британскиот премиер Борис Џонсон денеска се соочи со гневот на една украинска новинарка, која повика на зона на забранети летови над земјата, велејќи му на Џонсон дека „Третата светска војна веќе започнала“.
Џонсон одржуваше прес-конференција во полскиот главен град Варшава, кога претрпе критики од украинска новинарка која повика на воена интервенција од западните земји.
Дарија Калениук, извршен директор на Центарот за борба против корупцијата, рече дека жените и децата се борат да ја преминат границата бегајќи од Украина, мислејќи на санкциите воведени кон Русија, истакнувајќи дека не биле воведени за сопственикот на Челзи, Роман Абрамович.
„Зборувате за стоицизмот на украинскиот народ, но украинските жени и украинските деца се во длабок страв од бомби и проектили кои паѓаат од небото, а украинскиот народ е очаен за Западот да го заштити нашето небо“, му рече Калениук на британскиот премиер.
„Бараме зона за забрана за летови. Го слушаме одговорот дека ќе предизвика Трета светска војна, но која е алтернативата, господине премиер? Гледајте ги нашите деца наместо авиони, го штитат НАТО од неговите проектили и бомби. Што е тоа алтернативата за зоната за забрана за летови?“, праша новинарката.
„Имаме авиони овде. Имаме систем за противвоздушна одбрана во Полска,Романија. НАТО ја има таа воздушна одбрана. Барем оваа воздушна одбрана би ја заштитила западна Украина, за да можат овие деца и жени да стигнат до граница. Сега е невозможно да се преминете ја границата, има 30 километри мини“, продолжи таа.
Таа додаде дека НАТО не е подготвен да ја брани Украина поради страв од Трета светска војна, додавајќи: „Но тоа веќе започна“ и продолжи: „Зборувате за уште поголеми санкции, премиере, но Роман Абрамович не е санкциониран. Тој е во Лондон. Неговите деца не бомбардираат, неговите деца се таму во Лондон“.
Премиерот одговори: „Му реков на Владимир Зеленски, мислам неколку пати. За жал, импликацијата дека Обединетото Кралство ќе биде ангажирано во соборувањето руски авиони, ќе биде ангажирано во директна борба со Русија, не е нешто што можеме да го направиме и мислам дека последиците од тоа би биле навистина тешко да се контролираат“, одговори Борис Џонсон.