Украинска пратеничка објави фотографии: „Масовна гробница, 700 убиени“

од Nikola Popovski
227 прегледи

Лесја Васиљенко, пратеничка во парламентот на Украина, на Твитер објави фотографии на кои се гледа дека на нив се гледаат масовни гробници во градот Чернихив. Таа тврди дека во тој град биле убиени 700 луѓе.

Да потсетиме, денеска форензичарите почнаа со ексхумација на масовни гробници во Буча, град недалеку од Киев.

„Масовни гробници во Чернихив. 700 убиени. Се чини дека секое откритие е полошо од претходното“, напиша Васиљенко на Твитер.

Минатиот месец градоначалникот на Чернихив Владислав Атрошенко објави дека жителите на градот останале без струја, греење и вода кога градот бил опколен од руските сили.

Слични содржини