Украинска војска: За еден ден загинаа 800 руски војници

од Radmila Tasevska
128 прегледи

Украинската војска процени дека околу 800 руски војници биле убиени во борбите во средата, главно во источниот дел на регионот Доњецк.

Наведено е дека руските сили биле фокусирани на офанзивата во областа Бахмут и дека нападите на Авдиевка и Купјанск биле неуспешни.

Украинската армија соопшти дека се уништени и три руски тенкови, авион и хеликоптер, пренесува Ројтерс.