Украинската амбасадорка во Македонија: Вооружените сили на Русија го уништуваат цивилното население на Украина

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Во оваа војна, целта на РФ е уништување на украинскиот народ. Сите јавни изјави на претседателот на РФ и функционерите на оваа држава сведочат за политиката на државата-агресор Русија во однос на непризнавањето на правото на украинскиот народ на самоидентификација и самоопределување. Вооружените сили на РФ го уништуваат цивилното население на Украина, убивајќи, мачејќи, нанесувајќи тешки телесни повреди, а исто така, тие вршат и насилно пренесување на украински деца во РФ, вели во интервју за ЦИВИЛ Лариса Дир, Амбасадорката на Украина во Македонија.

Според неа, се случува намерно уништување на живеалишта, болници, училишта, енергетска цивилна инфраструктура како и блокада на украинските градови од страна на руските сили.

„Физичко, психичко насилство, уништување – дејствија на РФ кои се насочени кон истребување на Украинците. Сето ова во целина е геноцид на РФ врз украинскиот народ. За казнување на сите овие злосторства, Украина всушност се обрати до државите да се приклучат кон создавање на Специјален Меѓународен Трибунал. За ова ќе биде потребно извесно време, но државите веќе можат да ги признаат постапките на РФ како геноцид. Овие злосторства на РФ се толку многубројни што луѓето не можат а да не ги видат, можат само да се свртат на страна за да не им предизвика неизмерна болка“, истакнува таа.

Слични содржини