Генералот на украинската армија Олексеј Громов денеска призна дека руските сили имаат предност во борбите во областа Луганск во источна Украина.
„Русија има предност, но ние правиме се што можеме“, рече Громов, пренесува „Ројтерс“.
Украина забележа дека Русија ги преместува ракетните системи „Искандер“ во регионот Брест на западот на Белорусија, од каде би можеле да следат нови ракетни напади.