Украина сè уште се бори да го обнови целосното снабдување на потрошувачите со струја, речиси една недела откако бранот руски ракетни напади ги оштети енергетските капацитети низ целата земја.
Националната електроенергетска мрежа, Укренегро, објави дека дефицитот на електрична енергија е благо зголемен од вчера по вонредното исклучување на неколку електрани и зголемувањето на потрошувачката поради ниските зимски температури, пренесува „Ројтерс“.
„Производителите на електрична енергија денеска до 11 часот по локално време обезбедуваат 70 отсто од потрошувачката на електрична енергија во Украина. Моменталниот дефицит на капацитет е 30 отсто“, објави Укренерго на Фејсбук и на Телеграм.