Алена Омович е популарна манекенка во нејзината земја, а локалните медиуми често ја нарекуваат украинската Ким Кардашијан, бидејќи многу личи на американската ријалити ѕвезда.
Алена е зависна од социјалните мрежи, секој ден објавува провокативни фотографии, кои привлекуваат многу обожаватели. Во моментов ја следат над 1.500.000 следбеници на Инстаграм.
Неодамна, во едно интервју, таа откри дека често и се додворуваат спортски sвезди. Таа истакна дека знаат да претеруваат, па и даваат и „груби“ понуди.
Украинската бринета со огромни гради признава дека страда од прекумерно внимание, и дека постојано и се нудат спортисти, но и други познати личности.
Најновите фотографии што ги објави на својот профил само покажуваат зошто толку многу мажи се фасцинирани од неа и зошто сите сакаат да ја имаат, особено оние популарните со големи банкарски сметки.