Украинската победничка на Евровизија апелираше до Бајден и НАТО: Путин е терорист

од Nikola Popovski
965 прегледи

Украинската пејачка Руслана Лижичко, која победи на Евровизија во 2004 година, уште еднаш им се обрати на своите следбеници на социјалните мрежи во врска со конфликтот во Украина.

Таа на Инстаграм сподели кратко видео во кое му се обраќа на американскиот претседател Џо Бајден, како и на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Како амбасадор на мојата земја, како победник на Евровизија, сега зборувам во името на целиот мој народ. Бараме од претседателот Џо Бајден и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го заштитат нашето небо. Украинската армија ќе ја заштити Европа ако вие не заштитите нас. Донесете одлука за безбедноста на целиот свет“, рече Руслана.

„Ние Украинците никогаш нема да се откажеме. Сите сме во опасност, не само Украинците. Знаете ли што значи тоа? Не разбирам зошто руската и белоруската армија не напаѓаат? Мора да разберете дека Путин е многу опасен терорист за сите луѓе во светот. Реагирајте пред да биде доцна“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ruslana (@ruslana.lyzhychko)

Во ноември 2020 година, Руслана му изрази поддршка на Џо Бајден по неговата победа на претседателските избори.

„Имав чест да се сретнам со Џо Бајден. Бев импресионирана од неговата љубезност и начин на размислување. Нè обединуваат заедничките вредности и демократската визија за иднината. Верувам во успехот на неговите идеи за САД и му честитам на победата“, напиша тогаш таа покрај заедничката фотографија.

Руслана постигна голема популарност низ Европа со песната „Wild Dance“ со која победи на Евровизија пред 18 години.