225
Украина ги зголеми надежите за зголемување на извозот на жито и покрај руската блокада на пристаништата на Црното Море, кога објави дека бродовите почнале да минуваат низ устието на Дунав, пренесува Си-Ен-Ен.
„Во последните четири дена 16 бродови поминаа низ устието на Бистра. Планираме да го задржиме тоа темпо“, рече во вторникот заменик-министерот за инфраструктура Јуриј Васков.
Пристапот до Дунав и неговите мали речни пристаништа во внатрешноста беше овозможен откако украинските сили го презедоа Змискиот остров од руските сили.