Украински дипломат: Како компензација за смртта на сопрузите и синовите, Русинки добија само 140 долари

од Nikola Popovski
240 прегледи

Украинскиот дипломат Олександар Шерба објави фотографии на Твитер на кои наводно се гледаат руски вдовици и мајки на загинати војници од проруските сепаратистички сили.

 

На фотографиите жените позираат со пари кои, како што напиша Шерба, се отштетата што ја добиле од Русија за смртта на нивните сопруги и синови.

– Надоместокот е околу 140 долари, напиша Шерба во едната објава, а во следната објави фотографија од мајка и син како држат две по 10000 рубљи или нешто повеќе од 7600 денари.

-Не изгледаат несреќно сите вдовици и деца на мртви путинисти, истакнал поранешниот амбасадор во Австрија.

 

Слични содржини