Регионалниот гувернер во источна Украина денеска изјави дека најмалку шест цивили загинале во најновото руско гранатирање, пренесува АП.
Гувернерот на Луганската област Серхиј Хајдај денеска изјави дека уште осум лица се ранети во гранатирањето на градот Северодонецк, во претходните 24 часа.
Хајдај ги обвини Русите дека намерно ги гаѓаат засолништата каде што се кријат цивили.