Украински министер: „Патриот“ ќе биде распореден за помалку од шест месеци

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба потврди дека САД започнале специјален план за распоредување на ракетниот систем „Патриот“ во Украина за „помалку од шест месеци“.

Во интервју за „Асошиејтед прес“, Кулеба рече дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од минатонеделната посета на претседателот Владимир Зеленски на САД.

Нормалната обука за користење на системот трае до една година, но се чини дека Украина ќе биде подготвена да го користи „Патриот“ многу порано. Кулеба тврди дека американската влада развила програма за украинските војници да ја завршат обуката побрзо од вообичаеното „без никакво оштетување на квалитетот на употребата на ова оружје на бојното поле“.

Иако украинскиот функционер не спомна конкретна временска рамка, тој само рече дека тоа ќе биде за „многу помалку од шест месеци“. Тој додаде дека обуката ќе се одвива надвор од Украина. Кулеба за време на интервјуто нагласи дека Украина ќе направи се што може за да победи во војната во 2023 година, пишува Sky News.

„Секоја војна завршува на дипломатски начин. Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, рече Кулеба.

Инаку, посетата на украинскиот претседател Зеленски на САД беше негово прво патување во странство од почетокот на војната во февруари. За време на патувањето, Украина обезбеди нов пакет воена помош од 1,8 милијарди долари, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана „Патриот“.

Слични содржини