Украински министер: „Руски војници ги силуваат нашите жени во Херсон“

од Nikola Popovski
480 прегледи

Дмитриј Кулеба, министерот за надворешни работи на Украина, ги обвини руските војници за силување жени во Керсон, најголемиот украински град окупиран од руските сили.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба ги обвини руските војници за силување, пишува „Sky News“.

– Кога паѓаат бомби врз нашиот град, кога војниците ни ги силуваат жените во окупираните градови, сме имале многу такви случаи, тешко е да се зборува за ефективноста на меѓународното право – рече Кулеба во говорот на онлајн настан во лондонскиот „Chatnam House“.

– Во име на украинската влада уште еднаш сме подготвени да продолжиме понатаму. Подготвени сме да работиме со сите што ја сметаат Русија за одговорна – рече тој.

Некои украински медиуми известуваат и за 11 случаи на силување во Херсон.

Слични содржини