Украински политичар за „Локално“: Пред една година Путин сакаше да не избрише од земјата, но Киев цврсто стои како што стоел со векови пред неговото раѓање

од Nikola Popovski
438 прегледи

На руската инвазија на Украина, која Москва ја започна пред точно една година, не ѝ се гледа крајот, додека многумина стравуваат дека допрва ќе следи ескалација на судирот. Во првата година од војната, десетици илјади луѓе загинаа, вклучително и илјадници цивили, милиони станаа бегалци, а некои градови беа целосно уништени. Експертите предупредуваат дека најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна би можел да трае со години, а се зголемуваат стравувањата дека може да излезе од контрола и да се претвори во директен конфликт меѓу Русија и НАТО. Податоците за бројот на загинати и ранети војници од двете страни се значително различни и се движат над 100.000. Според податоците на ОН, од почетокот на инвазијата, загинале околу 8.000 цивили, а повеќе од 13.000 биле ранети. Инвазијата на руските сили доведе и до најголемата бегалска криза во Европа од Втората светска војна. Според ОН, околу осум милиони луѓе биле принудени да ја напуштат Украина поради конфликтот, а повеќе од пет милиони биле внатрешно раселени.

За тоа каква е ситуацијата на фронтот и што Украинците мислат за годишнината од оваа бесмислена битка, „Локално“ зборуваше со украинскиот политичар и поранешен воен затвореник на Кремљ, Роман Сушченко. Тој ни рече дека во моментов ситуацијата во земјата е сложена и напната.

Роман Сушченко

-Луѓето постојано очекуваат ракетни и бомбашки напади. Децата и учениците се принудени да учат од далечина. Падот на БДП е забележан на ниво од 30%. Ги изгубивме пријателите, ги криевме нашите браќа, им помагавме на раселените луѓе, дониравме за армијата, собиравме средства и купувавме пикап, шиевме опрема, направивме противтенковски бариери, собиравме комплети за храна, поддржувавме лекари, медицински лица, воспитувачи, уметници, стари лица и инвалиди , спортисти и деца, организирани се стотици тони хуманитарна помош, преживеаавме воздушни напади, бомбардирања, студ, темнина. Луѓето преживуваат благодарение на вооружените сили на Украина и помошта на Западот. Денес, нашите војници се на обука во Европа и на полигоните во Украина. Во многу региони се формираат нови јуришни бригади. Тие се опремени со модерно оружје и воена опрема. Украина создава сопствена флота од беспилотни летала, кои веќе имаат предности на фронтот и на море, ни раскажува Сушченко.

За годишнината од војната и што сакаше Путин, а што доби, Сушченко вели дека рускиот претседател сакаше молскавична, триумфална војна во Украина и на крајот на февруари да биде домаќин на воена парада на Хрешчатик по капитулацијата на Киев.

-Помина една година, а Киев стои, како што стоеше со векови, пред раѓањето на Путин. Рускиот диктатор продолжува манијакално да сонува за невозможни планови – да ја избрише независната и суверена Украина од земјата. Ова пред некој ден и го соопштил на својата придружба, појаснува соговорникот.

Додава дека кога Путин ја започна инвазијата пред една година, тој веруваше дека Украина е слаба, а Западот е поделен и тоа според Сушченко, е неговата фатална грешка.

-Украинците убија речиси 150.000 руски војници, 46.000 платеници на „Вагнер“ и повеќе од 6.000 руски гардисти (жандарми). Бројот на ранети и исчезнати расте како магнитуда. Голем дел од оклопните возила и артилерија на агресорот се претворени во старо железо или станале трофеј на украинската армија. Напаѓачките и борбените авиони значително ги загубија своите способности, а предводникот на Црното Море – крстосувачот „Москва“ лежи длабоко на дното, информира Сушченко.

Тој е дециден дека руската економија пука под санкциите.

-Енергетското ембарго ги принудува Русите да тргуваат со нафта со голем попуст, а рускиот гас е „персона нон грата“ во Европа. Рускиот одлив на мозоци не престанува. И покрај суровата пропаганда, руското општество е збунето. Илјадници мажи од истокот на Русија не можат да разберат зошто треба да патуваат илјадници километри во воз и да умрат од експлозија на гранати во близина на Бахмут или Вугледар, бидејќи хомосексуалците живеат илјадници километри од нив на запад. А нивните родители, жени и деца очајно се надеваат на парична отштета во случај на смрт на војник. Пред некој ден прочитав како 25-годишен мобилизиран Русин отишол да се бору во Украина за да заработи за операцијата на својата 4-годишна ќерка. Тој починал на 2 февруари, а неговата ќерка починала 6 дена подоцна, вели политичарот.

Според него, има неколку сценарија за крај на војната, но ниту едно што им одговара на сите страни.

-Првото е сценариото на Кремљ – фиксирање на сегашните резултати, прекин на активната фаза на војната, пауза и подготовка за нова фаза, а по неколку години – нова војна. Оваа логика на Москва е совршено сфатена во Киев, Вашингтон и Брисел. Сценариото е малку веројатно. Второто е киевското со поддршка на Западот. Тоа предвидува повлекување на руските трупи до меѓународно признатите граници на Украина во 1991 година, преговори за репарации, казнување на воените злосторници и барање модел на соживот. Москва категорично ќе го отфрли ова сценарио. Третото е сценариото на Пекинг или Истанбул. Русија ги повлекува војниците до границите на 24 февруари 2022 година, Кремљ најавува постигнување на целите на специјалната воена операција, преговори за натамошен соживот. Киев нема да се задоволи со такво сценарио, ќе заврши како сценарио број еден. Четвртото најпредвиденото е продолжување на војната и излез на границите во 1991 година. Украина ги формира потребните резерви, го пробива фронтот во областа Мелитопол, стигнува до Азовското Море, создава услови за изолација на Крим и ги ослободува окупираните територии на исток. Судејќи според резултатите од посетата на Бајден, ова е сценариото во кое ќе се развиваат настаните од 2023 година, укажува Сушченко.

Соговорникот не чувствува дека Западниот Балкан и регионот можат да станат мека точка за руско влијание и за нов конфликт.

-Се разбира, Русија се обидува да игра на „балканската карта“ на геополитичкото поле на Европа, но не успева. Европските народи и влади јасно разбираат кој е кој. Дури и маргиналните, екстремно десничарски и леви политички сили ја ревидираат својата политичка агенда. Токсичноста на Русија значително го стеснува нејзиното поле на влијание.

Сушченко ни кажа и дека Украина ќе продолжи да притиска за да добие борбени авиони од Западот.

-Претседателот на Украина дејствува како врховен командант во интерес на својот народ. Овој притисок ќе продолжи постојано, до победа. Денес Украина има оружје со долг дострел способно да зададе сериозни удари на задните комуникации на непријателот. Од линијата на контакт до Мариупол е 138 километри во права линија. Во последните денови, украинската армија систематски изведува ракетни напади. Тоа значи дека нападите не ги извршуваат ракетите ГМЛРС, туку ГЛСДБ кои имаат поголем дострел. Пред неколку месеци тоа беше невозможно. Како модерните тенкови Leopard, Challenger и Leclerc. Норвешка веќе нуди подводни дронови. Да ги следиме вестите и наскоро ќе видиме сојузнички воени авиони на украинското небо, истакнува украинскиот политичар.

Н.П.

Слични содржини