Претставникот на Главната управа на разузнавачката служба на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Черниак денес изјави дека Русија испратила „нови воени единици во северниот дел на окупираниот Крим“, објави „Киев Индепендент“.
Тој додаде дека Русија наводно се етаблира во областите околу Херсонската област.
„Тие (Русија) губат. Затоа тие создаваат одбранбени утврдувања каде што можат, сфаќајќи дека ќе мора да се борат на тие линии на фронтот“, рече Чернијак.