Украински танчер избега од војната, сега се кае: Бев единствениот маж во возот

од Nikola Popovski
986 прегледи

Познатиот украински танчер Максим Чмерковски успеал да ја напушти земјата и да побегне на сигурно.

Несвесен што ќе се случи, Максим, кој со години живее во Америка, се вратил во родната Украина за да учествува на натпреварување по танц.

Во моментот кога започнала војната и откако бил приведен за време на полициски час во Киев, танчерот сфатил дека мора да избега од Украина и да стигне до семејството во Америка.

И покрај тоа што на мажите од 16 до 60 години им е забрането да ја напуштат Украина, Максим успеал да ја напушти земјата со помош на американскиот пасош, а денес кога слободно шета со семејството предизвикал гнев кај многумина затоа што не останал да ја брани својата земја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maksim Chmerkovskiy (@maksimc)

Сепак, денеска кога е во Лос Анџелес заедно со сопругата и ќерката, самиот изјави дека жали што не останал.

-Се чувствував засрамено во тој воз, јас бев единствениот маж меѓу сите тие жени и деца. Се срамам. Се чувствувам лошо и вознемирено, рекол Максим за време на гостувањето во една емисија.