Вработени на украинската милиција го задржале шефот на Државната служба за вонредни ситуации Сергеј Бочковски и неговиот прв заменик Василиј Стоецки под сомнение за злоупотреба при купување на гориво.
Двајцата се уапсени денеска, 25 март, за време на состанокот на кабинетот на Украина. Јавно им се ставени лисици и се испратени во притвор, јави дописникот на РИА Новости.
