Украински војник заробен во Азовстал го моли Илон Маск за помош

од Nikola Popovski
375 прегледи

Еден од војниците што се крие во фабриката за челик, која беше опкружена од руските сили во украинскиот град Мариупол, побара од милијардерот Илон Маск да им помогне да се евакуираат, пренесува Ројтерс.

Многу цивили беа спасени од големата фабрика Азовстал минатата недела во согласност со договорот со Русија, но не беше постигнат договор со Москва за ослободување на неколку стотици борци, од кои некои беа ранети по неколку недели бомбардирање.

„Луѓето велат дека доаѓате од друга планета за да ги научите луѓето да веруваат во невозможното. Нашите планети се една до друга, бидејќи живеам таму каде што е речиси невозможно да се преживее“, напиша командантот на маринците Сергеј Волина на Твитер.

„Помогнете ни да излеземе од Азовстал во некоја посредничка земја. Ако не можеш, тогаш кој може?“ напишал тој.

Маск, најбогатиот човек на светот, е сопственик на SpaceX и производител на електрични автомобили Tesla, а од неодамнка го купи и Twitter.

Според Ројтерс, украинските власти тврдат дека околу 1.000 борци се наоѓаат во бројните подземни тунели на Азовстал, од кои стотици се тешко ранети и им е потребна итна евакуација.

Слични содржини