Украински војници вежбаат гаѓање во вреќи со ликот на Путин (ФОТО)

од Nikola Popovski
381 прегледи

Вашингтон и Брисел го обвинуваат Кремљ дека подготвува „инвазија“ на Украина, а во исто време го зајакнува западното воено присуство во Источна Европа и се заканува со заострување на санкциите кон Русија. Москва ги отфрла сите обвинувања и потсетува дека Киев не ги почитува договорите од Минск бидејќи прераспореди половина од вооружените сили на исток во близина на линијата на раздвојување.

Токму од истокот на Украина, од областа Луганск, доаѓаат фотографии на кои е прикажана слика на Владимир Путин застрелан со куршуми, која украински војници очигледно ја користеле како вежба за гаѓање. Испечатена е на вреќи која им служела како мета, што е само уште еден показател за тоа што мислат Украинците за рускиот претседател.

Tanjug/AP

Владимир Путин вчера за првпат се огласи по повод кризата во Украина, кога на прес-конференција рече дека Русија внимателно ги анализирала одговорите добиени на 26 јануари од САД и НАТО на барањето на Москва за обезбедување безбедносни гаранции, но испрати и остра порака до Америка.

„Ми се чини дека САД не се толку загрижени за безбедноста на Украина, туку дека нивната главна задача е да го спречат развојот на Русија. Во таа смисла, Украина е само алатка за постигнување на оваа цел“, рече Путин пред новинарите.

Фото: PROFIMEDIA

Слични содржини