Украинскиот амбасадор во ООН до рускиот: Нема чистилиште за воените криминалци, тие одат директно во Пеколот (ВИДЕО)

од Milan1
274 прегледи

Видно емотивниот украински амбасадор во Обединетите нации разменил остри зборови со својот руски колега за време на бурната ноќна седница на Советот за безбедност за руско-украинската криза во средата, пренесе „АФП“.

Украинскиот амбасадор Серхи Кислиција побара од Советот, со кој претседава Русија, „да направи се што е можно за да се запре војната против неговата земја“.

„Одговорност на овие тела е да ја запрат војната“, рече Кислиција на состанокот на 15-члениот совет, кој започна веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција во Украина.

Кислиција го повика рускиот амбасадор во ОН, заедно со Василиј Небензија, кој моментално претседава со Советот, „да ги повикаат Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров да ја запрат агресијата“.

Кислиција побара од Небензија „да се откаже од функцијата претседател“.

– Нема чистилиште за воени злосторници. Одат право во пеколот, амбасадоре – рече Кислиција.

Во серија жестоки дискусии, Небензија рече дека Русија спроведува само „специјална воена операција“.

„Ова не е војна“, му рече тој на својот украински колега.

Небензија подоцна додаде: „Сакам да кажам како заклучок дека не сме агресивни кон украинскиот народ, туку кон хунтата што е на власт во Киев“.

По средбата, Кислиција го опиша коментарот на рускиот амбасадор дека рускиот воен упад на територијата на Украина не е војна како „тотално лудило“.

Слични содржини