Украинскиот министер за одбрана: Ќе делам оружје на секој што е способен да го носи

од Milan1

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека секој кој е подготвен и способен да држи оружје може да се приклучи на редовите на Територијалните одбранбени сили.

Резников истакна дека ќе почне да дели оружје на сите ветерани, доброволци кои сакаат и можат да носат оружје.

Украинските гранични сили претходно соопштија дека руски копнени сили утринава од повеќе правци навлегле на украинска територија.

– Руски воени возила, вклучително и оклопни возила, навлегоа во регионите на Чернихив (северна, белоруска граница), Суми (североисточна, руска граница), Луганск и Харков (источна, руска граница) и преку преминот меѓу полуостровот Крим и континентална Украина, се наведува во соопштението.

Слични содржини