Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денес ја поздрави одлуката на САД за испраќање касетни бомби во Украина и вети дека оваа муниција нема да се користи во Русија.
Резников на Твитер напиша дека касетната муниција ќе помогне да се спасат животите на украинските војници, најавувајќи дека Украина ќе води строга евиденција за нејзината употреба и ќе споделува информации со партнерите.
Резников рече дека армијата нема да користи касетна муниција во урбаните средини, туку само за пробивање на непријателските одбранбени линии.