Украинскиот министер за одбрана: Нема да користиме касетни бомби на територијата на Русија

од Radmila Tasevska

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денес ја поздрави одлуката на САД за испраќање касетни бомби во Украина и вети дека оваа муниција нема да се користи во Русија.

Резников на Твитер напиша дека касетната муниција ќе помогне да се спасат животите на украинските војници, најавувајќи дека Украина ќе води строга евиденција за нејзината употреба и ќе споделува информации со партнерите.

Резников рече дека армијата нема да користи касетна муниција во урбаните средини, туку само за пробивање на непријателските одбранбени линии.

Слични содржини