Украинскиот парламент ја забрани употребата на „Z“ и „V“

од Nikola Popovski
302 прегледи

Украинскиот парламент усвои закон со кој се забрануваат симболите на руската инвазија, вклучително и оние што ги содржат буквите „Z“ и „V“, објави денеска на Телеграм пратеникот Јарослав Железњак. Тој напомена дека документот ги вклучува предлозите на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пренесе Би-Би-Си.

Новата верзија на законот го проширува опсегот на случаи во кои е дозволено истакнување симболи во музеи, библиотеки, научни трудови, учебници…

Новиот закон, сепак, забранува создавање на невладини организации кои користат руски воени симболи и чии активности се насочени кон ширење воена пропаганда и поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Буквите „Z“ и „V“, кои не постојат во руската азбука, се широко користени како симбол на поддршка за рускиот напад врз Украина.

Тие се користат за обележување руски воени возила на бојното поле.