Украинските “патриоти” и “предaвници” почнаа да се чистат- политички убиства ја потресоа Украина

од desk3
98 прегледи

 

Во украинската престолнина вчера за еден ден беа извршени две политички убиства, соопштија светските медиуми. Првично беше соопштено дека е убиен поранешниот пратеник од Партијата на регионите во Врховната Рада Олег Калашников. Убиството се случило во четвртокот в зори во близина на домот на пратеникот. ТАСС располага со податоци дека во последно време тој бил заплашуван со физичка пресметка заради своите политички ставови, вклучувајќи го и повикот за големи одбележувања на 70-годишнината од победата во Големата патриотска војна. Калашников е познат и по тоа што организираше акции на тнр. “Антимајдан” во поддршка на поранешниот претседател Виктор Јанукович за време на протестите против него минатата година

Полицијата започна истрага за убиство со умисла, прецизира на својата страница на “Фејсбук” пратеникот Антон Герашченко, кој е советник на министерот за внатрешни работи. Истрагата работи на неколку хипотези, вклучувајќи за тоа дека убиството е поврзано со политичката активност на Калашников. Во исто време украински радикали go поздравија убиството на социјалните мрежи.

747452

Подоцна вчера беше соопштено дека двајца маскирани мажи го застрелале познатиот локален опозициски новинар и писател Олес Бузина. Тој исто така е убиен пред својот дом во Киев. Украинските власти се должни да направат сè што е потребно, за да ги подведат под одговорност виновниците за убиството на новинарот, изјави РИА “Новости” директорот на Одделот за Источна Европа на “Репортери без граници” Јохан Бир. Украинскиот претседател Петро Порошенко ги утврди убиствата како “провокација”, а неговиот руски колега Владимир Путин ги нарече “политички”.

ЦРНА Хроника

Смртта на Калашников и Бузина следува по онаа на поранешниот гувернер и член на Партијата на регионите Олександър Пеклјушенко кој се самоуби во средината на март во куќа во јужниот дел на Украина. Малку пред тоа друг поранешен пратеник од партијата Станислав Мелник беше пронајден мртов во својот дом во близина Киев, а сето тоа изгледаше како неговата смрт е резултат на самоубиство. На крајот на февруари друг поранешен парламентарен лидер од истата партија скокна од прозорецот на 17-тиот кат на зграда во Киев. На крајот на март во Русија загина помалиот син на поранешниот украински претседател – 33-годишниот Виктор Јанукович Џуниор. Тој се удави откако минибус со кој сакал да ја премине замрзнатото езеро Бајкал, пропадна во мразот.