Министерството за одбрана на Турција соопшти дека од украинските пристаништа за Турција, Велика Британија и Ирска тргнале три брода со вкупно 58.000 тони пченка.
Првиот брод „Навист“ под знамето на Панама, исплови од пристаништето Одеса за Ирска со 33.000 тони житарки, се наведува во соопштението на Министерството. Бродот ќе биде подложен на инспекција во Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) во Истанбул пред да го продолжи своето патување до крајната дестинација.
Вториот брод „Ројен“ под знаме на Малта го напушти пристаништето во Черноморск со 13.000 тони житарки, а неговата крајна дестинација е Обединетото Кралство, соопшти Министерството, додавајќи дека го следи Заедничкиот координативен центар.
Третиот брод „Поларнет“, брод под знаме на Турција, кој чекаше во пристаништето во Черноморск, вплови во пристаништето Караса во северозападниот дел на Туск. Бродот, кој превезува 12.000 тони житарки, ќе го прегледа заедничка екипа во Истанбул.
Во понеделникот од украинското пристаниште Одеса исплови првиот брод со жито, кој потоа по одредени проверки во турската метропола го продолжи патувањето од Истанбул до Либан. Бродот под знамето на Сиера Леоне бил натоварен со пченка.
Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обновување на украинската испорака на жито од пристаништата на Црното Море. Согласно договорот формиран е координативен центар кој ќе врши заеднички контроли на влезовите и излезите на пристаништето, обезбедувајќи ја безбедноста на рутите.
Турција се координираше со Москва и Киев за отворање на коридор од украинскиот пристанишен град Одеса за обновување на глобалните испораки на жито, кои беа запрени од руско-украинската војна од 24 февруари.