240
Украински беспилотни летала денеска ја погодија нуклеарната централа Запорожје, соопшти прес-службата на управата на градот Енергодар во областа Запорожје во Украина.
Според градската управа, украинските војници користеле неколку беспилотни летала камикази, а биле извршени вкупно четири напади, пренесува „РИА Новости“.
Претставникот на воено-цивилната администрација Владимир Рогов на својот канал на Телеграм изјави дека според прелиминарните информации „дроновите биле опремени со боеви глави“.
Реакторскиот дел од нуклеарната централа не е оштетен.
Украинските сили и претходно извршија напади врз овој објект, а во последниот во понеделникот беа повредени 11 вработени, од кои четворица се во тешка состојба.