Украинските сили зазедоа уште две населби во областа Курск во Русија

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Володимир Зеленскиј рече дека украинските сили напредувале од еден до три километри во руската област Курск и зазеле уште две населби во областа.

Во ноќното видео обраќање Зеленски потсети дека денеска руските сили ги нападнаа регионите Суми, Харков, Керсон и Доњецк во Украина.

Украинскиот претседател го спомна и рускиот ракетен напад врз хотелот во Краматорск во Доњецката област, каде што престојуваше камерманската екипа на Ројтерс, во кој загина британски новинар, а беа повредени уште четворица репортери од Украина, САД, Латвија и Германија, објави агенцијата Униан.

Во нападот се повредени и двајца локални жители.

Слични содржини