Градските власти почнаа со демонтирање на споменикот на руската царица Катерина Втора во Одеса, пренесува локалниот весник „Думскаја“.
Тие додаваат дека во моментов е невозможно да се дојде до плоштадот, дека улиците се затворени и дека градските власти не дозволуваат луѓето да се приближат до споменикот, пренесува РИА Новости.
Членот на Врховната рада на Украина, Алексеј Гончаренко, на својот канал на Телеграм напиша дека „почнуваат некои работи во близина на споменикот“ и дека на луѓето не им е дозволен пристап.