Тела на пет мажи со врзани раце се пронајдени во подрумот на детската болница во Буча, во близина на Киев, која Украинците ја ослободија од Русите и каде биле извршени масакри, соопшти во понеделникот украинското обвинителство.
„Невооружени цивили“ чии тела ги пронашле украинските полициски сили биле претепани, а потоа убиени од припадници на вооружените сили на Руската Федерација, објави истиот извор на Телеграм.
Заедно со објавата биле објавени и фотографии од телото.
BREAKING: Bodies of five men tortured and killed by Russian troops were found in a basement of a children's health resort, the Ukrainian Prosecutor General's office said
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) April 4, 2022
Во тек е истрага за околностите на нивната смрт, додаде канцеларијата на обвинителката Ирина Венедиктова.
Западните земји во понеделникот повикаа на истрага за „воените злосторства“ што им се припишуваат на руските војници во близина на Киев, што Москва силно го негира, а Украина го нарекува „геноцид“.
Десетици тела во цивилна облека биле пронајдени минатиот викенд во Буча, северозападно од главниот град на Украина, на улиците и во масовните гробници, по повлекувањето на руските војници. Стотици други биле пронајдени мртви во масовни гробници во областа Киев.
Руската војска во последните денови го олабавува обрачот околу Киев и на север за да ја фокусира својата воена офанзива на истокот на земјата.