Украинско воздухопловство ги соборило сите осум беспилотни летала што Русија ги употребила за ноќешните напади

од Radmila Tasevska
248 прегледи

Украинските воздухопловни сили ноќеска ги уништија сите осум беспилотни летала „Шахид“, што Русија ги употреби за напад на неколку области во земјата, соопшти утринава Военото воздухопловство на вооружените сили на Украина.

Беспилотните летала се уништени над регионите Николаев, Дњепропетровск, Хмелницки и Ровињ, пренесоа украинските медиуми.

Русија синоќа лансираше една ракета „Искандер-М“ и три ракети од системот С-300 кон Украина, соопштија вооружените сили на Украина.

Слични содржини