Украина ги објави најновите податоци за бројот на загуби што Русија ги претрпела од почетокот на инвазијата.
Тие тврдат дека загинале 17.700 руски војници, а уништени се 1.751 оклопни возила.
Другата уништена воена опрема, според Украинците, вклучува 131 хеликоптер, 625 тенкови и 143 авиони.
Украина и Русија ги продолжија разговорите преку Интернет, неколку дена откако двете страни се состанаа во Турција на првите мировни разговори лице в лице за неколку недели.
Кабинетот на претседателот на Украина ја објави изјавата на украинскиот преговарач Михаило Подољак, кој потврди дека преговорите траат, но не даде никакви детали.