Украинците обвинуваат руски генерал: „Запомнете го, тој ја води опсадата, тој е џелатот на Мариупол“

од Nikola Popovski
658 прегледи

Шефица на украинскиот центар за граѓански слободи, Олександра Матвијчук, на Твитер објави фотографија од рускиот генерал-полковник Михаил Мизинцев, за кого тврди дека е најодговорен за воените злосторства извршени во Мариупол.

– Запомете го. Ова е Михаил Мизинцев. Тој ја води опсадата на Мариупол. Тој нареди бомбардирање на детската болница, театар от итн. Тој има огромно искуство во уништување градови во Сирија. Ќе се погрижиме да се сретнеме со него во Хаг, напиша Матвијчук, алудирајќи на судењето за воени злосторства во Хаг, Холандија.

Како организатор на опсадата на Мариупол, Мизинцев беше осуден и од портпаролот на украинската армија Сергеј Братчук. Тој на Фејсбук напиша дека „лично ја води“ опсадата.

– Тој нареди бомбардирање на породилишта, детски болници, театри, семејни домови. Тој го уништува Мариупол, исто како што ги уништи сириските градови, напиша Братчук.

Поранешниот украински дипломат Олександар Шерба исто така го прозва Мизинцев, нарекувајќи го „џелат на Мариупол“.

Шерба своевремено беше амбасадор на Украина во Австрија, а на социјалната мрежа сподели аудио снимка на која, како што тврди, се слуша како Мизинцев го навредува својот подреден бидејќи не носи униформа.

 

Слични содржини