Украинците се спротивставуваат: Запален руски тенк со молотов коктел (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
299 прегледи

Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. По патиштата во Киев се појавија билборди на руски јазик: „Руски војници, е*ете се“, „Не станувајте убијци“, „Вратете се дома“.

На контролните пунктови, каде се проверуваат возилата, луѓето се поздравуваат со „Слава на Украина“, а тие одговараат со „Слава на хероите“.

Десетици доброволци пристигнаа со автобуси и поставија стратешка одбранбена станица во населбата Оболон во северниот дел на Киев, каде веќе се водат жестоки борби. Ја проверуваат опремата, го полнат оружјето со муниција и панцирните елеци ги прилагодуваат на оние што ги имаат, додека голем дел од нив прават молотови коктели.

Новинарот на „Киев Индипендент“ Илија Пономаренко објави видео на кое се гледа како жена од автомобил фрла молотов коктел кон тенк.

– Ова е кул. Руси, дали сте сигурни дека сакате војна со оваа нација?, напиша тој покрај видеото објавено на Твитер.

Слични содржини