Украинците тврдат: „Белорусија денес влегува во војна!“

од Nikola Popovski
188 прегледи

Украинскиот државен центар за стратешки комуникации објави дека Белорусија денеска би можела да започне инвазија на Украина по средбата во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот лидер Александар Лукашенко, пренесува The Guardian.

Според прелиминарните податоци, белоруските трупи би можеле да бидат вовлечени во инвазијата на 11 март во 21 часот, се вели во соопштението на центарот.

Украинското воздухопловство соопшти дека во 14.30 часот по локално време државната гранична служба добила информација дека руски авион полетал од пистата во Белорусија, преминал во украинскиот воздушен простор и потоа отворил оган врз Копани, село во Белорусија, пренесе Ројтерс.

„Ова е провокација. Целта е да се вовлечат вооружените сили на Република Белорусија во војна со Украина!“, изјави командата на украинските вооружени сили преку онлајн соопштение.

Украинската армија тврди дека цел на оваа операција биле уште две белоруски населби.

Слични содржини